Дока Текстил ДОО

Дока Текстил ДОО е формирана во 2009 година од страна на сегашниот управител г- дин Пандев Тони. Во тоа време со само 30 машини и 50 вработени се занимаваше со производство на женска трикотажа за домашен и странски пазар. По многуте тешко поминати години во време на светска криза, со макотрпна работа на менаџерскиот тим заедно со малкуте вработени, нашата компанија опстана на пазарот.


Подоцна, Дока-Текстил почна да работи исклучиво лон систем на доработка со сегашниот партнер DMISS од Р. Грција со кој успешно и навремено ги вршат сите нарачки од Германскиот, Англискиот и Грчкиот пазар. Во многубројните инвестиции вреди да се спомнат 3те фабрики во Индустриската зона Раброво - Валандово кои ги задоволуваат сите Европски стандарди во текстилната индустрија. Овие фабрики се лоцирани на одлична местоположба на тромеѓието мегу Македонија, Бугарија и Грција со одалеченост од само 90км од аеродромот и пристаништето во Солун - Р. Грција.


Така Дока-Текстил прерасна во голема компанија во над 300 вработени и целосно опремен ланец за работа со кој дневно се произведуваат од 7.000 до 10.000 парчиња облека. Сето тоа се должи на одличниот менаџерски тим на чело до директорот г-дин Пандев Тони и сите останати вработени како и соработката со Владата на р. Македонија која безусловно помага во проширување на нашите капацитети.


Дока-Текстил со своето повекегодишно искуство е спремна сега и во иднина да одговори на сите зададени предизвици кои би ги побарале можните партнери од странство и е отворена за соработка со големи компании од текстилниот бизнис во Европа.

Doka Textil

ЗА ДОКА

Дока - Текстил ДОО

  • Маршал Тито бб, с. Јосифово 2462,
  • Валандово, РМ
  • Тел: +389 34 383 917
  • Факс: +389 34 381 600
  • dokatextil@yahoo.com

Skalar | www.skalar.com.mk