Политики за користење на системот за електронска трговија.


 
Со самиот пристап на интернет страницата на ДОКАТЕКСТИЛ и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.
 
ДОКАТЕКСТИЛ ги задржуваат правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.
 
1. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ
 
ДОКАТЕКСТИЛ ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Северна Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: Име, Презиме, ЕМБГ, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. ДОКАТЕКСТИЛ не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.
 
2. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ
 
ДОКАТЕКСТИЛ ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. ДОКАТЕКСТИЛ за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за on line плаќање.

3. ПОЛИТИКА И УСЛОВИ НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ/УСЛУГИТЕ
 
Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку Карго Експрес на адресата која е наведена во порачката.
 
Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет страницата. Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка.
 
Поштенските трошоци се вклучуваат при нарачката во крајната цената на производот.
 
За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да не контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт.
 
4. ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА ПО ТРАНСАКЦИЈА СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ
 
ДОКАТЕКСТИЛ ќе врши поврат на средствата на купувачот, доколку биде направена погрешна уплата а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ.

Doka Textil

  • ADD.  Marshal Tito bb, Josifovo 2462, Valandovo, RM
  • TEL.  +389 78 287 384
  • MAIL. contact@dokatextil.mk